Живот понекогаш поминува премногу брзо, а понекогаш премногу бавно Режисерот Louie Schwartzberg затоа одлучи, со помош на time-laps и high-speed камера, да покаже што се одвива секојдневно пред нашите очи, а не сме во можноста да видиме.
“Живееме во свет на невидена убавина, толку суптилна и деликатна да речиси е невидлива за човечкото око,” се вели во описот на видеото. Проектот “Mysteries of the Unseen World” ги успорува, ги забрзува и ги зголемува прекрасните природни чуда.
Оние кои го виделе видеото, тврдат дека по ова видео светот никогаш нема да го гледаат со исти очи.