Две години условна казна добила згодната 30 годишна наставничка Керолин Бериман откако судот утврдил дека во подолг период таа завела 15 годишен свој ученик и со него во повеќе наврати имала сексуални односи.
Покрај казната наставничката заработила и отказ од училиштето во кое предавала на повеќе од 1600 ученици.
Таа почнала да се гледа со малолетникот откако прво на социјалните мрежи го контактирала и му побарала телефонски број.
Потоа таа почнала да го кани во нејзиниот дом, а го носела и на посети кај своите родители.
Момчето кое ја раскажало приказната за таблоидот Сан вели дека сфатило дека ситуацијата излегла од контрола тогаш кога ќерката на наставничката почнала да го вика тато.
За ситуацијата му се поверил на својот брат кој се и раскажал на мајката која почнала судски процес.