
„Heroes“ во изведба на Манс Зелмерлев од Шведска е главен фаворит за победа на овогиденешнотото издание на Евровизија кое треба да се одржи во Виена.
Коефициентите за победа на неговата песна „Heroes“ во Виена се движат меѓу 2,3 и 3 (околу 40 отсто шанси за победа). На второ место моментно, две недели пред натпреварот, е италијанското трио – Трио ил Воло со песната Grande Amore (коефициенти меѓу 3,7 и 5). Следува Австралија чиј кандидат Ги Себастиен на листата на фаворити се наоѓа на третото место со квоти од 4 до 5. Шансите да победи македонскиот претставник на Евровизија се 0,99 отсто (коефициент 101).
https://www.youtube.com/watch?v=ZhfLQrw3Sss