Овие 4 хороскопски знаци се највешти кога се работи за заведувањето

popara9 јануари, 20151min00
10

Нема знак кој не го сака невиниот и безопасен флерт, но овие 4 знаци се највешти кога се работи за заведувањето.

Лав

Освојуваат суптилно и со голема фантазија. Ќе ви пријдат со голема самодоверба, неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли целата просторија.

Лавовите се „градски фаци“ и ги познаваат сите важни луѓе, што значи никогаш нема да ви биде здодевно. Со нив ќе имате кралски третман, а дополнителни поени заслужуваат заради пристојните и често заборавени манири.

Припадниците на овој знак не сакаат кога губат и затоа секогаш одат на сигурна победа. Заведувањето за нив е повеќе од гимнастика, тие уживаат во секој чекор, а посебно се заинтересирани кога треба дополнително да се потрудат.

Лавовите се страствени љубовници, па бидете сигурни дека авантурата со нив ќе биде комплетна.


Скорпија

Кога Скорпијата ќе влезе во просторијата, едноставно сите ја забележуваат. Нејзиниот безобразен поглед освојува и без допир, а кога ќе одбере плен може да го освои за само неколку часа.

На Скорпиите добро им оди невербалната комуникација и често пати внимателно ја користат додека „внимателно“ ги слушаат вашите животни проблеми.

Може да не сте ни свесни дека сте нејзина мета, сè додека не и се најдете во прегратки.

Во кревет се перверзни и можат да водат љубов со часови, а обично на себе имаат скапа и внимателно одбрана долна облека.

Близнаци

Имаат интересен пријателски пристап, кој всушност, секогаш ја завршува работата.

Близнаците се духовити, шармантни и образувани, заради што можете да поминете неколку часа само зборувајќи.

Имаат неодолива харизма со која просто привлекуваат, доста позитивни се и никогаш нема да се чувствувате непријатно со нив, дури и ако завршите веднаш во кревет.


Рак

Полн со чувства, разбирање и љубов, Ракот има бескрајно големо срце во кое може да ги вгнездите сите ваши стравови, падови, успеси и желби.

Покрај него ќе имате најдобар пријател на кој ќе може да му откриете било каква тајна.

Често пати пријателството прераснува во прекрасна љубов, па размислете за тоа следен пат кога ќе излезете со најдобриот пријател/најдобрата пријателка во овој хороскопски знак.

Со Ракот самодовербата ќе ви порасне најмалку два пати, а сексот ќе добие потполно нова, емотивна и страствена димензија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma