
Иако по медиумите секојдневно можеме да пронајдеме многу совети за тоа како да се подобри сексуалниот однос со партнерот, статистиките покажуваат дека се` повеќе парови имаат проблеми токму во таа област, а причините не се ништо друго, туку лоши навики. Ова се најчестите навики кои го уништуваат либидото.
Еден или двајцата партнери се секогаш уморни
Сигурни сме дека ќе потврдат многу парови. Причината за тоа е што сексот ви се наоѓа многу ниско на листата на приоритети. Не го чувајте сексот за крајот од денот кога сте веќе исцрпени и подготвени за спиење. Активирајте се веднаш после враќање од работа или после вечерата и сексот нека ви биде начин за опуштање.

Не сте се издепилирале и не сте подготвиле свеќи, шампањ, јагоди
Кога со некого ја делите постелата и животот, нормално е дека нема секогаш да изгледате беспрекорно. Не правете драма околу ситници, затоа што мажот кој е крај вас ве сака и без влакна и со нив. Исто така, бидете спонтани. Убаво е од време на време да организирате романтично водење на љубов, но понекогаш спонтаниот секс е многу подобар и постраствен од големите планови.
Вие сте утрински, а тој е вечерен тип
Врската подразбира компромиси. Истото вреди и за сексот. Не бидете тврдоглави и обидете се да се најдете на половина пат. Изненадете го со едно еротско будење и веруваме дека нема да може да ви одолее.

Не сте 100% возбудени
Сексот е нешто како одење на тренинг. Кога ќе дојде тој момент можеби ве „мрзи“, но кога ќе започне акцијата знаете дека сте ја донеле вистинската одлука. Вистина е дека забрзаното темпо на живот и стресот влијаат врз вашето расположение, но обидете се сексот да го употребите како анти стрес терапија и ќе видите дека навистина делува.
Не се чувствувате привлечно
Ова е минлива состојба. Обидете се да ја промените исхраната и начинот на живот, а ако се работи само за опуштени бутови и стомак, нема нешто што секси долна облека не може да го направи неодоливо.