Овие астро – комбинации никогаш не би успеале заедно!

popara9 февруари, 20151min00
3

Дали и вашата врска припаѓа во групата несоодветни астро-комбинации?

Без разлика дали верувате во хороскоп или не, постојат одредени комбинации на знаци кои би можеле да имаат проблеми во врската, па еве кои се тие:

Овен и Рак
Личностите родени во знакот на Овен се екстровертни и енергични и не се согласуваат најдобро со знаците кои се конзервативни и чувствителни, како што се Раковите. Иако не се тотално спротивни, врската меѓу Овенот и Ракот би била фрустрирачка, бидејќи имаат различни приоритети.

Рак и Водолија
Активниот и возбудив живот на Водолијата ќе делува привлечно за Ракот, но само на почетокот. Оваа врска ќе биде забавна и возбудлива можеби месец дена, а потоа ќе преовладува домашната личност на Ракот. Тоа на Водолијата брзо ќе и здосади, што може да доведе до расправии и можно неверство.
Лав и Бик
Двата знаци се многу тврдоглави и имаат различни приоритети. Лавовите сакаат слава и богатство, а Биковите сакаат стабилност и сигурност. Ниедна страна нема да попушти во расправија и тешко ќе прифаќаат промени. Меѓу нив може да има само почитување.
Шкорпија и Овен
Овие два знаци ќе бидат постојано во судир поради нивната независна природа. Можеби врската ќе ја започнат во кревет, но многу брзо ќе доживеат неуспех. Овенот по природа сака да флертува, а Шкорпијата ќе биде љубоморна.

Близнаци и Рак
Раковите се чувствителни и емотивни, а на Близнаците им недостига чувтвителност, особено додека го говорат она што го мислат. Раковите се премногу чувствителни за да излезат на крај со таквите личности.

Девица и Лав
Лавовите сакаат да трошат пари, а Девиците да чуваат. На многу врски им доаѓа крај поради парични несогласувања. Екстравагантната и опуштена природа на Лавот сигурно ќе дојде во конфликт со контроверзната и мирна природа на Девицата.

Вага и Јарец
Јарецот секогаш сака да ја има контролата во свои раце и секогаш работите бидат како што тие сакаат, што може да биде злоупотребувачко за Вагата која е со понежна природа. Јарците можат да бидат со променливо расположение и многу сестрани, за разлика од Вагите кои се прилично отворени за емоциите. Иако двајцата партнери се целосно различни, можеби би можеле да бидат заедно, ако се потрудат околу тоа.

Бик и Водолија
Осудени на пропаст и пред самиот почеток. Биковите сакаат стабилност, додека Водолиите сакаат побрзо темпо. Биковите се многу посесивни, што не одговара со опуштеноста на Водолијата.

Риби и Лав
Рибите се сонувачи и се многу чувствителни, што е контраст со ентузијастичната природа на Лавот. Потребата за внимание која ја покажуваат Лавовите, кај Рибите може да предизвика чувство на возбуда.

Стрелец и Јарец
Стрелецот сака да се смее и добро да си поминува. Јарците се приземни, а некогаш дури и меланхолични. Оптимистичниот став на Стрелците може да ги нервира Јарците и нивната врска е осудена на неуспех.

Водолија и Скорпија
Авантуристички настроената Водолија секогаш бара возбуда и нешто ново во животот, а Скорпијата сака посветеност и сигурност. Врската меѓу овие два знаци би можела да успее доколку Скорпијата од време на време отстапи малку простор за Водолијата.

Риби и Близнаци
На Близнаците им е неопходна целосна слобода. На Рибите им треба стабилност која Близнаците не можат да им ја овозможат. Рибите сакаат живот од бајките, исполнет со љубов и посветеност. Во почетокот меѓу нив може да има голема привлечност, но таа со текот на времето ќе исчезне. Близнаците се способни да бидат во љубовна врска, но имаат потреба да се чувствуваат слободно.

Девица и Близнаци
Девицата и Близнаците имаат поинакви пристапи во поглед на светот. Девиците се многу сериозни и практични, додека Близнаците изгледа имаат двојна личност и не можат да се одлучат за ништо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag