Овие дами имаат над 40 години и изгледаат како милион долари

popara19 септември, 20151min00
1

Многу од познатите личности имаат скапа гардероба, но им недостасува стил. За разлика од нив, некои ѕвезди знаат како да изгледаат неодоливо дури и по 40-тата година.

Хилари Свонк, Џулиен Мур и Џенифер Лопез се едни од оние кои изгледаат сè подобро и подобро со текот на годините.

Негуваните, згодни, но и задоволни жени, најдобро покажуваат што се добива кога ќе се спојат шармот, стилот и убавината.

Хилари Свонк

На доделувањето на наградите „Hollywood Film“, 40-годишната Хилари носи долга бела тоалета со розеви и зелени детали. Косата ѝ е пуштена слободно да паѓа, само шишките ѝ се подигнати и изгледа многу природно. Таа блеска каде и да се појави.

zvezdi-koi-izgledaat-kako-milion-dolari-i-po-40-tata-godina-1.jpg


Џулиен Мур

Со својот изглед им пркоси на годините и на многу други помлади жени. Има 53 години и не престанува да изненадува. Мајка е на 3 деца, па дури и во шестата деценија може да застане во ист ред со некои колешки и во однос на глумата, но и во однос на сексапилот.

zvezdi-koi-izgledaat-kako-milion-dolari-i-po-40-tata-godina-2.jpg


Џенифер Лопез

Со нејзините 45 години не престанува да воодушевува со модните комбинации. На доделувањето на наградите „Hollywood Film“ носи бела тоалета со црн цветен дизајн преку градите. Иако изгледа како под везениот цвет сè да се проѕира, сепак умешно е додаден материјал со боја на кожа. Џенифер буквално блеска.

zvezdi-koi-izgledaat-kako-milion-dolari-i-po-40-tata-godina-3.jpg

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma