Овие ѕвезди биле оставени преку СМС порака!

popara9 септември, 20152min00
17
Многу славни парови делуваа како совршени половини. Но, не само што нивните врски и бракови се завршени, туку на нив била ставена точка на овој ужасен начин – преку СМС порака!

Џејсон Деруло и Џордин Спаркс


Џејсон ја оставил убавата победничка на „Американски идол“ после три години врска преку телефон! Се појавија гласини и дека ја изневерувал, а бидејќи „не бил во градот“ морал работите да ги заврши на овој начин.

Кејти Пери и Расел Бренд


„Да речеме само дека не сме се слушнале откако ми испрати порака дека се разведуваме на 31 декември 2011 година“, раскажа Кејти за тоа како завршил нејзиниот 14-месечен брак. Навистина е ужасен!

Кери Андервуд и Чејс Крафорд


Кантри пејачката и фраерот од „Gossip Girl” се забавувале кратко време, а тогаш Чејс ѝ испратил порака на Кери во која ѝ објаснил дека повеќе не се заедно. Навистина, фраеру?

Џесика Симпсон и Адам Левин


Згодните пејачи имале кратка афера во 2004 година, а потоа Адам ѝ испратил порака на Џесика во која пишувало: „Навистина сум зафатен. Ми треба простор“. Ауч!

Тејлор Свифт и Џо Џонас


Не е ни чудо што пишува толку добри песни за раскинувања. Убавата пејачка нејзиното поранешно момче ја оставило преку говорна порака која траела 27 секунди. Иако ова било навистина грубо, очигледно Тејлор му го простила тоа на Џо, но и фактот дека сега тој се забавува со нејзината добра пријателка, манекенката Гиги Хадид.

Зејн Малик и Пери Едвардс


Тие биле свршени со години и поготвувале венчавка за идната година. А, потоа поранешната ѕвезда на групата „One Direction” ѝ испратил порака на својата девојка во која ја известил дека веќе не му е девојка.

Шерил и Ешли Кол


Британската пејачка беше омажена за фудбалерот четири години, а потоа официјално прекинала се` откако му испратила многу остра порака: „Исели се. Готово е“, му напишала Шерил откако дознала дека ја изневерил.

Џенифер Анистон и Џон Мајер


Кога зборуваме за раскинувања, никој не знае колку се тие болни како што знае Џенифер, затоа што многу пати поминала низ тоа. Џон ја оставил преку порака: „Тоа е тоа – крај“, ѝ напишал тој после една нивна кавга.

Бритни Спирс и Кевин Федерлајн


Пејачката го завршила двогодишниот брак со таткото на нејзините синови на тој начин што му испратила порака, додека снимала интервју за телевизија. Таа е навистина мајстор за мултитаскинг!

Чарли Шин и Бри


Чарли целосно „збудале“ по актерката од филмовите за возрасни, под име Бри, и ја нарекуваше својата божица, а потоа таа го оставила преку порака. Но, сосема сме сигурни дека тој тоа си го заслужил!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag