Кожните јакни, особено оние рокерските, можете да ги носите со секој стајлинг, и токму затоа тие се вистински моден хит секоја сезона.
Познатите девојки своите кожени јакни ги носат дури и на црвениот килим, во комбинација со жестоки високи потпетици и женствени фустани, а со нив изгледаат модерно, секси и неодоливо и кога ги носат во обични „street style“ изданија. Досега имаме видено како ги носат скоро сите познати трендсетерки, а меѓу нив би ги издвоиле Џесика Алба, Ема Стоун, Џеси Џеј, Криси Тајген, Рита Ора…
Овие јакни постојано се редизајнираат така што денес покрај класичниот црн крој постојат безброј неодоливи модели во најразлични бои, од нежно светло розова, па преку боја на камилово влакно, се до кралската сина, пурпурна и боја на вино.