Верувале или не, во светот има 10 двојки кои заедно поседуваат повеќе од 300 милијарди долари, а со самото тоа и моќ да влијаат врз многу планетарни настани.

Станува збор за луѓе кои се занимаваат со различни видови финансиски вложувања, трговија со горива, градежништво, технологија, мода … Некои од нив богатство и влијанието и моќта го наследиле и само го надградуваат, а други, пак, сето тоа успеале сами да го обезбедат.

Листата на најмоќните и најбогатите двојки составена од страна на американската компанија „Velt Х“, се занимава со проценка на богатството и влијанието на луѓето ширум светот.
parovi-dolari-moc-bogatstvo-bil-gejts-mark-zakerberg-foto-ptofimedia-1438993548-716081

1. Бил и Мелинда Гејтс 85,7 милијарди долари

Убедливото прво место секако го држат Американците Бил (59) и Мелинда Гејтс (50), чие богатство се проценува на неверојатни 85,7 милијарди долари. Парите им ги донесе познатата компанија „Мајкрософт“, чиј основач е Бил Гејтс. Двојката се запознала во фирмата кога во 1987 година Мелинда се вработила во неа, а се венчале во 1994 година. Сега им е најважна преокупација управувањето со Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Имаат три деца, на кои, наводно, им е забрането користењето на апаратите на „Епл “. Двојката Гејтс е позната по својата хуманитарна работа, а во 2010 година со милионерот Ворен Бафет ја основаа иницијатива „Гивинг плеџ“, со која се обврзале дека повеќето од своето богатство ќе го подарат во добротворни цели.

 

parovi-dolari-moc-bogatstvo-bil-gejts-mark-zakerberg-foto-profimedia-1438993535-716089

2. Амансио Ортега Гаона и Флора Перез 70,7 милијарди

– Тие се сопственици на синџир на продавници за облека и на компанијата „Зара“
– Флора Перез е втора сопруга на Ортега
– се венчале во 2001 година, по 20 години познавање

 

parovi-dolari-moc-bogatstvo-bil-gejts-mark-zakerberg-foto-profimedia-1438993535-716083

 

3. Ворен Бафет и Астрид Менкс 69 милијарди

– тие имаат удел во десет најголеми компании во САД
– пред да го запознае Бафет, Менкс работела како келнерка во коктел-бар
– се гледалеуште од 1970 година, па дури и живееле заедно, иако Бафет бил оженет со првата сопруга Сузан
– таа починала во 2004 година, а необичното трио дотогаш дури испраќало и заеднички божикни картички со потпис „Ворен, Сузан и Астрид“.

 

parovi-dolari-moc-bogatstvo-bil-gejts-mark-zakerberg-foto-reuters-1438993535-716085

4. Бернар Арно и Елен Мерсјеа 38,7 милијарди

– Арно е извршен директор на компанијата „Мое Енеси Луј Витон“, а од татко му ја наследува и градежната компанија „Феринел“
– тој ги купил и „Кристијан Диор“ и „Бон марше“
– двојката се венчала во 1991 година, а Елен инаку е позната канадска пијанистка и уметница

 

parovi-dolari-moc-bogatstvo-bil-gejts-mark-zakerberg-foto-profimedia-1438993535-716087

5. Дејвид и Џулија Кох 47,5 милијарди

– Дејвид има удел во голем број американски компании
– двојката се запознала во 1991 година, кога тој имал 50, а таа 27 години
– Џулија во тоа време работела како асистентка на креаторот Адолф
– се венчале во 1996 година и имаат три деца

 

parovi-dolari-moc-bogatstvo-bil-gejts-mark-zakerberg-foto-ap-1438993535-716091

 

6. Марк Закерберг и Присила Кан 38,5 милијарди

– Закерберг е основачот на социјалната мрежа Фејсбук
– двојката се запознала додека се уште студирале
– се забавуваат 10 години, а во 2012 година се венчале
– Присила е педијатар и наставник, а двојката голем дел од богатството инвестираат во здравствениот систем