Овие реченици ги користат мажите кога изневеруваат…

popara6 септември, 20151min00
19
Доколку се сомневате во верноста на својот партнер, постојат знаци кои се присутни кога вашиот партнер ве изневерува, а исто така постојат и одредени фрази кои ги употребуваат мажите кога сакаат да го сокријат неверството. Прочитајте кои се.

Иако понекогаш не сакаме да веруваме во тоа, факт е дека партнерите понекогаш изневеруваат и во тој случај никако не смеете да се обвинувате себе. Сите врски имаат свои добри и не толку добри моменти, но лошите моменти никако не треба да претставуваат причина да ја изневерувате личноста која ја сакате.

Доколку се сомневате во верноста на својот партнер, постојат знаци кои се присутни кога вашиот партнер ве изневерува, а исто така постојат и одредени фрази кои ги употребуваат мажите кога сакаат да го сокријат неверството.

1. “Ние сме само пријатели”
Доколку сте откриле дека вашиот партнер разговарал со девојка за која до сега не сте слушнале, секако дека ќе почнете да се сомневате. Ако не ви ја споменал пред сами да откриете за неа тогаш сомежот секако е оправдан. Постои голема можност таа да не му е пријателка туку љубовница.

2. “Почитувај ја мојата приватност и не ми го допирај телефонот”
Не сака ни да му го допрете телефонот бидејќи се плаши дека би можеле да ги видите пораките кои му ги испратила љубовницата, или пак дури и нејзини фотографии. Една работа е да се почитува приватноста, а друга е непотребна тајност и прикривање. Доколку не ви дозволува ни да го допрете неговиот телефон и постојано го држи при себе за тоа сигурно има некоја причина, а на вас е да откриете која е таа.

3. “Ме изневеруваш така?”
Мажите кои изневеруваат честопати и своите партнерки ги обвинуваат за неверство. Зошто? Бидејќи почнуваат да размислуваат на следниот начин: “Ако јас можам да ја зиневерувам, сигурно и таа го прави истото”.

4. “Не си доволно добра”
Одеднаш кон вас започнал да се однесува поинаку и многу работи кај вас почнуваат да му сметаат, а вие немате никаква идеја во што е проблемот? Голема е веројатноста дека вашиот партнер се гледа со друга девојка. Сам себе се обидува да се убеди дека не сте доволно добри за него за да си ја смири совеста и да пронајде оправдување за својот чин. А всушност, во реалноста вие сте и повеќе од “добра”.

5. “И сам можам да си ја исперам облеката”
На почетокот ова ќе ви делува како да ви помага околу домашните обврски, но постои и друга страна на приказната. понекогаш мажите го прават ова за да нивната партнерка не ги препознае “трагите” од друга жена, како на пример мирис на перфем, кармин или некој друг доказ за неговата афера.

6. “Ќе морам да се задржам на работа”
Одеднаш тој мора да останува подолго на работа и да се враќа дома многу касно отколку порано? Доколку е така, постои можност дека вашиот партнер не е на работа туку во прегратките на друга жена. Долгиот состанок на работа е всушност еден од најчестите изговори кои ги употребуваат мажите кога изневеруваат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag