Иако митот вели дека мажите едвај чекаат да дојдат до девојка којашто лесно ќе ја имаат, а од животот едноставно бараат само забава и добро поминато време, сепак, работите не се толку едноставни.
Како и девојките, така и момците уживаат во стабилните врски со своите партнерки. Но, како што постојат лоши типови на мажи, така постојат и лоши типови на жени. Мажи, ако препознаете некој од овие типови или уште полошо, добиете комбинација од овие типови на девојка по која сте се залетале… бегајте. Бегајте со брзината на светлината. Не се надевајте на промена, луѓето мразат промени, а овие типови на девојки никогаш нема да се сменат, особено не за вас.
1. Спонзоруша
Денешното време во кое парите, славата и моќта не се привилегија само на мажите туку и на жените, им даде слобода на девојките по секоја цена да се обидат да стигнат до нив. Затоа и кај нас многу лесно можете да забележите девојки коишто ќе се обидат да ве искористат само ако видат дека вие имате што да им понудите за да ја придвижат својата кариера нагоре или да направат исчекор кон својот сон.
Секогаш „скоцкани“ со идеална шминка и добар парфем, провокативна облека и став којшто зрачи самодоверба, овие девојки ќе ви го свртат умот за секунда. Сепак, за тоа да се случи, ќе мора да ги кажете магичните зборови. А тие секогаш се кого познавате и какви врски можете да и обезбедите. Во наш случај, имајте убедлив доказ дека познавате некој од високите политички кругови и веќе имате обезбедено една вечер.
Сепак, кога оваа девојка ќе ги собере телефонските броеви од влијателни личности, или ќе забележи дека само добро сте ја изблефирале, ќе се претвори од вашата принцеза во дух. Ќе исчезне и нема да ја видите повеќе.
2. Невина девојка
Речиси секој маж помислил со насмевка на идејата да има девојка на којашто тој ќе и биде прв и последен. Кога таа е млада, неодолива и неискусна, од вас бара вие да ја пораснете. Поставувате некаков страсен старателски однос со неа, но имате и тоа какви предности во таквата врска. Таа ужива во сè што имате да ја научите, а вие уживате во нејзината младост.
Навидум сè изгледа перфектно и совршено, вие сте истрошен од авантури, таа е без било каква грешка и токму во моментот кога ќе се опуштите и ќе помислите дека конечно сте пронашле добра девојка, вредна за да се потрудите околу неа, ќе се појави колега од факултет, пријател на другарка, млад и згоден тип којшто ќе ви ја собере додека сте кажале „стомачни мускули“.
Иако со вас изгледала среќно, таа само го загревала своето либидо стекнувајќи искуство. Не се чудете кога ќе фати магла со некој којшто ќе и одговара во моментот.
3. Кариеристка
Сè е поважно од вас. Таа работи, пие кафиња со пријателките, а во слободното време се занимава со астрологија. На прв поглед сето тоа и не изгледа воопшто лошо, напротив, конечно сте стигнале до девојка којашто нема да ве опседнува со своите налудничави испади од типот „кога ќе се вратиш дома“, но подоцна сфаќате зошто тоа и не е некаква предност.
Кога сте со неа, таа ќе ви го посвети своето внимание и веројатно ќе ужива во сексот исто колку и вие со неа, бидејќи тоа е нешто коешто и е потребно, чисто од разумни причини. Хормоните никој не може да ги негира, а стресот на работата мора некаде да се канализира. Она во коешто вие вистински сте влетале, е улога на роб. Добивате повик за да ја опслужите, да ја ислушате, да ја успиете и да ја одморите.
Ова е жена со големо его, вие сте таму само за таа да може да ја комплетира својата слика за совршен живот. Ниту ве сака, ниту имате стабилна врска. После вас, некој друг ќе ве замени додека трепнете.
4. Авантуристка
Ова е можеби најлошиот тип на девојка од едноставна причина што никогаш нема да забележите дека сте со погрешна девојка. Таа сака банџи, сака алкохол и може да издржи колку и вие, сака да лудува во секоја смисла и ќе ви го понуди најлудиот секс којшто било кога сте го имале или ќе го имате. Таа е женска верзија на вашата замисла за машки најдобар пријател, а згора на тоа изгледа феноменално и ја исполнува секоја ваша сексуална фантазија.
Додека се свртите околу себе и сфатите дека поминале два месеци во луда забава со неа, веќе сте го изгубиле работното место бидејќи таа сакала да одите заедно на целонеделно кампување на Пелистер, а вие немате шанси да кажете „не“ на нејзиниот шарм или едноставно ќе загинете или заглавите во затвор зашто за неа било забавно да ја поминете Партизанска од Ѓорче до Центар на сите црвени светла. Нормално, вие возите.
Дури и да преживеете, во моментот кога ќе се појави некој којшто поретко ќе вели „НЕ“ на секоја нејзина глупост, таа ќе си замине од вашиот живот без збор, додека вие се обидувате да си ги пронајдете омилените фармерки некаде низ градот.
5. Нестабилна девојка
Кога ја запознавате, делува совршено. Првата помисла е дека конечно ќе однесте дома девојка за којашто мајка ви ќе се израдува со сигурност. И навистина, се чувствувате како да сте удриле џек пот, совршенство на коешто сте горди.
Но, оваа девојка функционира како зејотресите. Никогаш не знаете кога, каде и колку силно ќе удри. Наеднаш од неа добивате сцена во јавност за некоја комплетна ситница, а потоа сè се враќа на место. Ќе помислите дека е тоа само инцидентно, но чудни ситуацииќе има секогаш, то ест, додека не сфатите дека си имате работа со ментално нестабилна личност.
Добро би било тоа да го сфатите пред да ја однесете на вечера со работодавецот на кого има шанса после две чаши вино да му објасни како мрсен скот и шовинст е или пред да ви каже дека имала секс со вашиот сосед во лифтот кога си заминувала од кај вас дома.
По правило, оваа девојка ќе ви вети илјада пати дека ќе ви биде верна и дека е тука само заради вас, но колку пати и да ја прифатите назад, таа секогаш ќе ја направи истата глупост или ќе направи нова, уште поневеројатна.