Овие жени никогаш нема да го најдат вистинскиот

popara23 мај, 20151min00
16
Некои жени се премногу негативни, некои се премногу позитивни, а некои се толку пасивни што живеат убедени дека ги чека некој посебен.

Стравот од самотија и желбата за партнер од соништата се испреплетуваат цел живот, а постојат неколку типови жени кои имаат најголеми шанси стравот да биде оправдан и да останат сами цел живот, без својот принц на бел коњ.

Првиот тип жени на кои им е таква судбината, се оние кои безгранично веруваат вo судбината. Тие насекаде гледаат одредени знаци дека нешто е резултат на судбината, па така очекуваат и дека судбината ќе им го донесе животниот партнер. Но, со оглед на тоа што тука нема проактивно делување, туку само чекање нешто да се случи, вавите личности најчесто остануваат сами.

Друг тип се негативните жени, и тоа оние екстремни видови на кои секогаш чашата им е полупразна и кои не можат да најдат зрак светлина ни во најсончевото утро. Поради таквиот став и опсесивното наоѓање на мани кај секоја личност што ќе ја запознаат, шансите за самотија се огромни. Тие дури и кога ќе најдат партнер најсличен до идеалниот, се концентрираат исклучиво на неговите лоши страни, што секако ќе стави крај на врската.

Третиот тип се жените кои се целосна спротивност од претходните, а тоа се жените кои се премногу позитивни и кои и во најтрагичните работи ќе најдат нешто добро. Но, таквиот поглед на свет оневозможува реално согледување на ситуацијата и забележување на реални проблеми.

Затоа, и кога ќе најдат личност која ќе го прифати нивниот оптимизам, тој маж ќе го искористи тој позитивен став за свои потреби и ќе ја напушти кога веќе нема да му биде потребна.

Намалете ги очекувањата и симнете ги розевите очила, така најдобро ќе го видите светот околу себе и ќе најдете личност каква што ви треба!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag