Овој уникатен автопат ги поврзува главниот град на Данска, Копенхаген, со шведскиот град Малме.
Оресунд, мост дизајниран од данскиот архитект Џорџ К. С. Ротне, бил отворен на 1 јули 2000 година. Мостот се протега на околу 8 километри пред да помине низ вештачки остров и да се претвори во 4 километри долг тунел под Флинтскиот канал.
Локацијата е интересна и од биолошки и од архитектонски аспект: Ботаничката асоцијација на Линд идентификувала повеќе од 500 различни видови на растенија на островот, кој бил конструиран од материјал исфрлен од морето. Поголемиот дел од бетонскиот тунел бил изграден на копно, па потоа монтиран на самата локација.