Овој сок од три состојки превенира рак, лекува бубрези…

popara21 јули, 20151min00

Цвеклото е многу моќен продукт, а фактот дека има загревачки својства изгледа идеален за зимските месеци. Единствено поради високата содржина на антиканцерогени состојки и каротеноиди е одличен извор на фолна киселина. Цвеклото изобилува со антоксиданти кои го штитат огранизмот од предвремено стареење и помага во борба против многу болести, а во комбинација со морков и јаболка може да направи многу за вашето здравје. Имено, рецептот на овој сок го сочинуваат два моркови, цвекло и јаболко.

Најдобро е цвеклото да се исцеди со помош на соковник и добиениот сок да го оставите да отстои еден час во стаклен сад во ладилник. После тоа додајте исцеден сок од морков и јаболко. На добиениот пијалак не додавајте му ништо туку пијте го околу половина час пред појадок.

Важно е да не ги помешате сите состојки одеднаш. Прво се подготвува сок од цвекло кој мора да отстои извесно време во ладилникот во отворен стаклен сад. На тој начин се елиминираат неколку штетни супстанции од цвеклото кои може да предизвикаат тешкотии, повраќање, вртоглавица. Кога овие супстанции ќе дојдат во реакција со кислород, ги губат своите својства и ги предизвикуваат саканите ефекти.

Овој здрав пијалак влијае како превенција во развој на рак и за спречување на заболувањата на црниот дроб, бубрезите, ќе помогне во лекување на чир и ќе го зајакне имунитетот. Ќе се елиминираат токсините од телото, а ќе се подобри и вашиот здив. Одличен е за жени бидејќи ги ублажува менструалните болки. Ја подобрува крвната слика и ја нормализира состојбата на крвните садови.