“Паѓаме” на изглед, карактер или пари?

popara24 август, 20151min00
4

Изборот на партнерот во младите денови се темели на надворешниот изглед. Со текот на годините тоа се помалку е во преден план, иако сеуште е многу важно.

Убав е, но зошто?

Познато е дека не е толку важно дали мажот е убав или не. Девојките ги привлекува убав и складен стас и лице, бидејќи одговара на нејзината смисла за естетика. Иако кај жените од тоа никогаш нема да зависи нејзината еротичност, подготвеност на љубов, а особено не брак. Бидејќи со склоп на надворешниот изглед важни и се машкиот изглед, индивидуалност, одредена самостојност и некоја уникатност, исто како и некоја идеална убавина од машки и модни списанија.

Вистински магнет е карактерот

Многу поголемо внимание посветува на психолошките и карактерни особини, а особено оние кои се однесуваат и на неа. Внимание и привлекување, одредена иако не преголема надмоќ поради која се чувствува сигурно, сетоа тоа во неа буди и еротски нагон. Познато е дека на некои жени влијае и статусот во друштвото, а моќта и парите делуваат како машки парфем,па дури и афродозијак.

Инаку во жената љубов буди карактерот и сигурноста, верност и постојаност, памет и духовитост, внимание и грижа. Не е потребно посебно да нагласуваме дека во сексуалноста спаѓа и физичката моќ, страст и темперамент.

А што бараат мажите?

За разлика од жените, мажите многу повеќе се концентрираат на надворешниот изглед. За жената да ги привлекува, таа мора да биде убава или барем привелчна – значи, убав стас и складно лице. Важна е косата, голем број на мажи сакаат долга и руса коса. А најпривлечни за мажите се женските гради.

Научните истражувања покажале дека кога мажот ќе ја здогледа жената, автоматски и несвесно најпрво ја погледнува во гради, а потоа во лицето. Нозете и обликот на заникот исто така имаат многу важна улога во привелкувањето на еротскиот интерес на мажите. Со тоа жената многу едноставно ја буди сексуалната желба и еротските чувства. Во партнерскиот љубовен однос овие женски атрибути можат да помогнат во зајакнување на чувствата, затоа жените нека не ги кријат. Со соодветна облека може дополнително да ги нагласи и да ги направи попривлечни.

Убавината е заслепеност – и тоа долгорочна

Иако односот кој е изграден претежно или само на физички аспекти во голема количина се губи. Најдоцна кога ќе исчезне сексуалната возбуда, настапува спротивна реакција во облик на презаситеност и отпор и тоа особено ако нема ментална или духовна врска меѓу партнерите. Токму затоа убавите жени ретко кога се среќни и мораат особено да се чуваат од погрешен избор на партнер.

На кој начин одат заедно поимите убав, богат и љубов?

Меѓу мажите несвесно настапува конкуренција кој ќе ја освои најубавата жена, а жените не гледаат мажот само да ги освои, туку да се омажат за него. Така настанува парадокс дека најспособните, најуспешните, најмоќните и најбогатите мажи имаат најубави жени, а воопшто да не зборуваме за љубов.

Жените често знаат на своите мажи да им создаваат илузија дека ги сакаат. Обично кулата од карти на меѓусебно мамење еден ден сама ќе се сруши. Последиците се познати: Расправии и кризи во бракот и тоа се до меѓусебно малтретирање и прекин на односите.

Како да ја одржувате еротската врска?

Во “вистинските” односи овие факти се користат во вистинска мерка и можат да ја сочуваат или да ја зајакнат привлечноста меѓу партнерите. Само да споменеме дека во тоа се важни хигиената, облеката и секако интимната еротска долна облека. Ако партнерот има одредени желби другиот тоа без размислување го исполнува. Вистинските стимуланси и афродизијаци на младиот човек по правило не му се потребни. До одредена старост изворот на еротизмот е во очите и телото. Способноста на возбуда на тој начин е осигурана на физичко ниво, а самата логика треба да функционира во согласност на предизвиците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag