
Американската богаташка, диџејка и трендсетерка Парис Хилтон (34) се сети на роденденот на својата поранешна најдобра пријателка, старлетата Ким Кардашијан (35) на многу интересен начин.

Со оглед на тоа што бројните фанови на Ким заборавиле дека таа стана светски позната откако во јавност протече нејзината домашна порно-снимка со поранешното момче , раперот Реј Џи, а подоцна и со семејното реално шоу, Парис одлучи да ја потсети.
И не само тоа, контроверзната богаташка и наследничка на синџирот хотели „Хилтон“ се присетила на периодот кога Ким и била лична асистентка, односно подобро кажано „лична слугинка“ и „потрчко“.
Ким ја служела Париз, и ги масирала стапалата, и ги исполнувала сите желби, а Парис за возврат ја шетала насекаде со себе.