Пет доктори одговараат: Дали е добро да се има анален секс?

popara9 октомври, 20151min00
1
Поради големиот број на збунувачки информации кои можеме да ги добиеме на тема анален секс, Cosmopolitan.com одлучил да поразговара со пет доктори за да дојде до одговор дали е добро или не да се практикува овој вид на сексуална игра. Еве што кажале докторите…

ЗА: Аналниот секс е релативно безбеден
– Ако гледаме од медицински агол, не постои причина зошто не би требало да имате анален секс. Секако, притоа мислиме дека морате да практикувате средства за заштита бидејќи секогаш постои ризик за пренос на сексуално преносливи болести. Исто така треба да водите сметка ако сакате после аналниот секс да преминете на вагинален, односно задолжително сменете го кондомот – Мајкл Крајмен

– Од медицинска гледна точка, аналниот секс е безбеден ако се определите за вообичаените мерки на претпазливост, односно ако користите кондом и многу лубрикант, со оглед на тоа што анусот е многу потесен од вагината. Многу жени уживаат во аналниот секс поради богатите нервни завршетоци кои го опкружуваат анусот како и поради високата сензитивност. Уште еден бонус кој влијае врз уживањето во овој вид на секс е тоа што не мора да имате страв од несакана бременост. Од друга страна, многу жени се против воведување на овој вид сексуална игра во својот кревет поради страв од настанување на непријатна ситуација или нечистотија. Советот е добро да се измиете или да користите клизма бидејќи таа опција ќе го зголеми уживањето и ќе бидете сигурни дека нема да доживеете некоја непријатност. – Алиса Двек

– Аналниот секс им нуди големо задоволство на многу жени затоа што нашите тела имаат многу, многу повеќе нерви кои го опкружуваат самиот анус. Но, мораме да напоменеме, ако ве привлекува аналниот секс ќе мора да бидете многу внимателни и добро да се заштите од сексуално преносливи болести – мора да користите кондом. Исто така, задолжително користете лубрикант. – Џенифер Гантер

Против: Постојат зголемени ризици

– Кога се работи за анален секс, една од најчестите грижи се однесува на пренос на хуманиот папилома вирус (ХПВ). Одредени видови на ХПВ вирусот предизвикуваат појавување на рак, а кога станува збор за анален секс, ХПВ во оваа област може да доведе до анален рак. Постојат документирани студии кои говорат дека кај луѓето кои имале анална пенетрација со повеќе партнери постојат поголеми шанси да добијат карцином на анусот, па така кај менувањето на повеќе партнери се препорачува користење на кондом. Останатите причини кои предупредуваат за потенцијални ризици во аналниот секс се однесуваат на ризик од настанување на инфекција ешерихија коли. Исто така, кај практикувањето на овој вид секс може да се развијат инфекции на уринарниот тракт, како и инфекции на цревата. Честото практикување на анален секс може да доведе до кинење и повреди на мускулите на анусот, па може да се појави фекална инконтиненција или неможност да го задржите празнењето пред да посетите тоалет. – Карен Елизабет Бојл

– Аналниот секс не може да предизвика бременост, но лесно може да се пренесе инфекција. Значи, ако кондомот пукне во текот на аналниот секс, разговарајте со лекар и искрено кажете му што се случило за да направите тестирање на сексуално преносливи болести. Доколку практикувате анален секс само како метод за заштита од потенцијална бременост, може да разговарате со доктор за да ви препорача различни начини на заштита, па така не мора да се грижите за бременост. – Ванеса Колинс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag