Петок 13-ти баксузен ден, или сосема обичен ден пред викенд?

popara13 ноември, 20151min00
01

Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв.

На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат.

Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.

Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ашвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13-ти измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника.

Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.

Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време.

Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.

Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.

Во Формула 1, на пример, не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.

На 13-ти април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13, според американско време.

Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.

Суеверието за петок 13-ти или за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивудскиот филмски серијал „Петок 13“, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на вселенскиот брод „Аполо 13“ за што е снимен и филм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag