Писмо до бившиот: Ти благодарам што ме направи вистинска жена за него

popara9 мај, 20151min00
2

Постојат момци кои не ги третираат своите девојки како што заслужуваат и не ги сакаат на начин на кој што навистина умеат, туку прикриено плашејќи се од титулата „папучар“ во околината.

Ова отворено писмо од девојката која била во врска со вакво момче, ќе ви покаже како таа врска може да ви помогне да станете вистинска жена за друго момче после него.

“Драги бивши,

Немој да мислиш дека никогаш не те сакав, па затоа те оставив. Те сакав, премногу, но ти ме сакаше премалку или јас така мислев дека ме сакаш премалку, никогаш не покажа повеќе.

Те оставив бидејќи заслужувам љубов која ти никогаш не ми ја пружи, но сепак ти благодарам за тоа.

Доколку не беше каков што си беше и доколку не ме сакаше на твој начин кој ме тераше да се запрашам дали навистина ме сакаше тогаш, јас сега немаше да разликувам љубов од НЕљубов.

Затоа сакам да ти се заблагодарам за сите изгубени денови, моменти, бакнежи, прегратки, зборови и да ти кажам дека конечно има некој што ги пронајде онаму каде што ги фрли ти.

Ти благодарам што никогаш не ми ја дофати раката во јавност, сега тој ја става мојата во неговата со гордост, понекогаш ми ја бакнува, замисли, нешто што ти никогаш не го направи.

Кога си ми ја бакнал раката само запрашај се…Никогаш, точен одговор, не е важно повеќе.

Ти благодарам што никогаш не ме прегрна прв, сега тој ме прегрнува постојано и се топам во негови прегратки.

Ти благодарам што никогаш не ме бакна во јавност, само кај тебе дома, во доцните часови кога никој не гледаше.

Сега тој ме бакнува постојано, ми го уморува усните, не само дома под чаршавите, туку секаде, се гордее што ги има усниве само за себе.

Ти благодарам што никогаш не ми кажа дека ме сакаш, тој ми кажува и покажува постојано, бидејќи љубовта е таква, не може долго да ја криеш каде што ја има.

Ниту пак да ја глумиш таму каде што ја нема, а ти беше лош глумец впрочем, колку да си знаеш.

За крај, ти благодарам што ме направи вистинска жена за него, што ќе го сака на начин на кој никогаш не била сакана од твоја страна.

Ти благодарам што не беше вистинскиот, за да го пронајдам вистинскиот и да бидам вистинската за него, кога веќе не можев за тебе.

Ти благодарам.”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag