Ејми Вајнхаус верувала дека е бремена пред да умре, вели нејзиниот татко Мич. Тој тврди дека неговата ќерка и нејзиниот вереник, британскиот режисер Реџ Тревис планирале да станат родители.
Ова го откри, како гостин на една австралиска емисија, а притоа ги искритикува креаторите на автобиографскиот филм на Ејми , бидејќи е претставена како осамена и депресивна.
“Таа беше со Реџ, планираа свадба. Не треба да го кажам ова, но во еден момент мислеше дека е бремена. Искрено криминално е тоа што филмот остава впечаток како таа да била осамена “, изјави тој.
Мич во јавноста на неколку наврати го критикуваше филмот за својата ќерка кој го режираше Асиф Кападиа, а наводно со нејзиниот вереник планира да сними нов документарец.
За потсетување Ејми Вајнхаус почина поради предозираност од алхохол во својот дом во Лондон, кога таа имаше само 27 години.