
Шестнаесет годишниот Илија Михајловиќ од Белград од првата аудиција на „X-Фактор“ досега ослабна 10 килограми. На неговата одлука да почне со диета, најмногу влијаеше Жељко Јоксимовиќ, кој како член на жирито на аудициите му препорача дека мора да го среди својот изглед.

– Од утре на некоја скромна исхрана и оди скини го тоа – му рече Јоксимовиќ, по што наиде на осуда од јавноста.
Но, советот добро влијаеше.
– Ослабнав пред се од здравствени причини, а не за да изгледам подобро на сцена. Го послушав добронамерниот совет на Жељко и ја корегирав исхраната. Секоја вечер трчам и се трудам на здрав и сигурен начин да го отстранам вишокот на килограми. Засега сум задоволен со резултатот, ослабев 10 килограми и планирам да намалам уште толку – вели младиот Михајловиќ.