Победникот на второто издание на регионалното шоу „Х Фактор Адриа“ е Амел Чуриќ

popara22 јуни, 20151min00
1

Амел Чуриќ за последниот настап во суперфиналето се одлучи за песната  “Da te bogdo ne volim” на  “Bijelo dugme”.  Амел уште еднаш го покажа својот раскошен талент, а жирито беше повеќе од задоволно. Амел, кој пред 11 години еднаш победил на талент шоу, призна дека сонувал за овој момент. Амел Чуриќ е победникот на второто издание на регионалното шоу „Икс Фактор Адриа“. Тој ја доби главната награда во износ од 20.000 евра.

Нашиот Боби повторно ја изведе рок баладата „Bed of Roses“ маестрално и покрај здравствените проблеми. Жирито не ги штедеше пофалбите и восхитот за неговиот гигантски глас.

Судиите во своите коментари едногласно ги охрабрија двајцата финалисти дека неспорно се двата најмаестрални гласови во шоуто и дека се вистински победници, без разлика кој ќе го избере публиката за најдобар.

Амел кога ја примаше наградата изјави дека не му се верува дека втор пат победува на вакво шоу и уште еднаш го поздрави Боби откривајќи дека тој сјајно отпеал и со бронхитис, а кој знае како ќе испеел да бил во полна сила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag