Подоброто решение: Одмазда или игнорирање?

popara9 мај, 20151min00
9

Мажите изневеруваат. Изневеруваат и жените но тие тоа го прават многу повешто и дискретно. Но еднаш кога неверството ќе излезе на виделина, паметните жени ќе се одлучат да ја прекинат врската и ќе побараат некој кој нема да ги посрамоти на сличен начин. Но што после разделбата? Дали е подобро едноставно само да го игнорираш бившиот, или да му се одмаздиш? Еве како размислуваат луѓето:

Само и исклучиво игнорирање. Нема шанси да му го дадам тоа задоволство да знае дека мислам на него и планирам да му се осветам. Најдобрата одмазда ќе биде да го игнорирам и незабележувам – Ивана 27

Зависи од тоа дали неверството било тајно или јавно. Ако јавно ме посрамотил тогаш заслужува да биде јавно посрамотен. Не знам како точно би го направила тоа, но сигурна сум дека следниот пат добро ќе размисли пред да одлучи да биде неверен – Хана 23

Одмазда, веднаш! Баш ми е гајле што ќе мислат другите, но ако дечкото ме изневери, ќе се осветам убаво за крај. Веројатно ќе го посрамотам јавно на Фејсбук или пред пријателите и знам дека и јас ќе се понижам притоа, но мислам дека би ми било сеедно како изгледа во очите на другите – Ива 24

Мислам дека после неверство нема што повеќе да се каже и верувам дека релативно смирено би ја решавала ситуацијата. Ако ме изневерил не гледам причина зошто јавно да се осветувам. Таквите луѓе едноставно се бришат од списокот на познати и се игнорираат, зошто само тоа го заслужуваат – Марија 23

Одмаздата би била знак дека сеуште не ми е сеедно, а тоа веројатно е последното нешто што би сакала да го покажам. Мислам дека би го игнонирала до таа мера што ќе го предизвика да направи нешто глупаво со што ќе се освети самиот на себе – Тина 28

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag