Големиот подводен град кој до 2030 година треба да биде направен во Јапонија ќе биде направен во спирален облик и е составен од три дела.
Во едниот дел ќе бидат сместени градините и бавчите во кои ќе се одгледува храна, додека во друг ќе се наоѓа просторот за живеење, како и деловниот простор, во кој ќе може да се сместат околу 5000 луѓе.
Градот треба да го прави градежната компанија Шимицу која за овој проект планира да инвестира околу 25 милијарди долари. Градот треба да биде завршен до 2013 година, и во него ќе можат да живеат 5000 жители. Покрај просторот за живот под вода би била поставена и истражувачки центар, капацитети за производство на енергија и храна, со што населението би било независно.
„Ова е реален цел, а не сон“, истакна во неговото интервју портпаролот на компанијата Хидео Имамура за „Гардијан“.
Градот ќе биде направен во спирален облик и составен од три дела. Првиот сегмент би се наоѓал во близина на површината и би бил направен од сфера со пречник од 500 метри, во кој би била сместена бавча за одгледување храна.
Вториот, средишниот дел, е 15 километри долгата спирала во која се наоѓа простор за станување и деловниот простор, и во кој ќе можат да се сместат околу 5000 жители. Трошоците за изградба се проценуваат на околу 25 милијарди долари, додека периодот за изградба би требало да трае околу 5 години.
Погледнете повеќе во видеото:
https://www.youtube.com/watch?x-yt-cl=84411374&v=E6ezeHC2uAM&x-yt-ts=1421828030