Погледнете како изгледал Џорџ Клуни пред 25 години

popara9 ноември, 20151min00
3

Еден од најшармантите актери денес според мислењето на многу жени е Џорџ Клуни, чии филмови дамите секогаш желно ги исчекуваат.

Тој е ирски Американец, роден е во Лексингтон во Кентаки. Неговата мајка, Нина Брус е поранешна манекенка, додека неговиот татко Ник, е новинар, домаќин на квиз на мрежата American Movie Classsics и политичар од Кентаки.

Својата актерска кариера Клуни ја започнал во средно училиште, каде што глумел во училишни претстави. Бил просечен ученик, но многу амбициозен бејзбол играч и кошаркар. Од 1979 до 1981 година го посетувал Универзитетот во Северен Кентаки, а потоа и кратко Универзитетот во Синсинати, но ни таму не дипломирал па својата среќа ја побарал во глумата.

Неговата првата позначителнапоредна улога била во серијата „Розен“, каде што го глумел неподносливиот шеф на Розана Бар, Букер Брукс, а после тоа следела улогата во серијата “Baby Talk” и улогата на заводник детектив во „Сестри“. Славата ја стекна со улогата на доктор Даг Рос во хит серијата на NBC „Итна служба“ од 1994 до 1999 година.

Поодцна се појавува во филмовите “The Perfect Storm”, “Ocean’s Eleven”, “Gravity” и многу други.

Што мислите за неговиот изглед пред околу 25 години, дали и тогаш изгледал како непоправливиот шармер каков што е денес?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *