Британскиот Дејли Мејл донесува ексклузивна приказна за манекенката Ирина Шајк и нејзиниот животен пат од растење во сиромашно градче па се до огромниот успех во светот на моделството.
Таткото на Ирина починал од рак на белите дробови, а нејзиното семејство со кое живеела во неугледен стан на сиромашна периферија било доста сиромашно.
„Бевме многу сиромашни. После училиштето, сестра ми и јас и помагавме на мајка ми во одгледување компир, кратавици, домати, тоа е она што го јадевме.“- раскажа Ирина која сакала да стане новинарка.
„На крајот не бев сигурна со што ќе се занимавам, но знаев дека ќе го напуштам мојот роден крај. Чувствував дека тоа е мојата судбина“- рекла таа.
На 18 години, отпатувала во Москва за да учествува на избор на убавина, каде и победила. На натпреварот ја воочиле фотографите кои одлучиле да и направт портфолио, а останатото, е како што велат, историја.