Бидејќи основната цел на овој проект е создавање на комплетна мега ѕвезда во вистинската смисла на зборот, очекувано беше дека на дневен ред ќе дојде и теретана.
Секој ден натпреварувачите на #НИА се соочуваат со најразлични предизвици, вежбаат пеење, вежбаат танци, се подговуваат за големиот настан во сабота, а при тоа како што можете да забележите одлично се забавуваат, а со тоа не забавуваат и нас.
За секој натпреварувач е изготвен посебен режим на исхрана и специјален тренинг план, во зависност од целта која треба да се постигне – слабеење, затегнување или пак зголемување на мускулната маса. Постојано ќе се бележи прогрес, за да на крај видиме до кој степен ќе се трансформира нивното тело и што ќе покаже стрелката на вагата на крајот.
Погледнете како се одвиваше денешниот тренинг на учесниците во теретана: