Процесот на расклопување на врвните телефони секогаш е интересен за гледање, а овој пат „жртва“ е моделот на Samsung – Galaxy S6. Веќе е познато дека телефонот има моќни компоненти, како што се Exynos 7420 чипсетот, 3GB LPDDR4 RAM меморија…
Сепак, ова не се единствените интересни делови на телефонот. Galaxy S6 е првиот врвен модел на компанијата кој има затворена батерија што не е возможно да се менува.
Исто така, расклопувањето на овој телефон е многу тешко, пред се поради опасноста од кршење на стаклениот панел на задниот дел.