Ирина Шајк е една од најпосакуваните жени помеѓу машката популација, но и покрај тоа што е сон на секој втор маж, убавицата призна дека покрај Кристијано Роналдо се чувствувала грдо.
Иако никој од нив не открива детали околу раскинувањето, Шајк ги подгреа гласините откако даде интервју за шпанскиот магазин „Hola“.
-Мојот идеален маж е верен, чесен и џентлмен кој знае како да се однесува со жена. Не верувам во мажи кои нè прават несреќни бидејќи се момчиња, а не мажи. Еднаш мислев дека го имам вистинскиот маж, но изгледа дека не било така, изјави таа.
Русинката додаде дека една врска е осудена на пропаст доколку партнерите имаат различна визија за животот.
-Мислам дека жената се чувствува грдо кога погрешниот маж е покрај неа. Јас се чувствував грдо и несигурно, признава Шајк.