
Кање Вест не е единственото заедничко момче на старлетата Амбер Роуз и Ким Кардашијан. Како што пренесуваат американските медиуми, Роуз била видена во друштво на кошаркарот Крис Хамфрис, кој беше во брак со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.
Амбер и Крис биле заедно на една забава овој викенд, на почетокот само флертувале, а потоа во еден момент се нашле на иста маса.
Ако на повидок е уште една нова афера, тоа ќе биде уште еден шок кој Амбер ќе и го приреди на Ким.
Кавгата помеѓу Ким и Роуз започнала поради Канје Вест, поранешното момче на Амбер, а сегашен сопруг на Ким Кардашијан.
Откако малку се смирија искрите помеѓу нив двете, Амбер завојува со најмладата сестра од кланот Кардашијан, Јали Џенер, и ја осудила нејзината врска со раперот Тига.
Амбер во една прилика напишала дека Џенер е дете кое треба да биде секој ден во кревет во 19 часот и дека нејзиното момче треба да се срами што се забавува со малолетничка.
Сега наводно Роуз се покајала поради овие навреди кои им ги упатила на Кајли и на Ким, и изјавила дека Ким е сјајна, а сестрите ги поканила на нејизната феминистичка забава.
