Полицијата во Дубаи доби Lexus RC F

popara10 февруари, 20151min00
Полицијата во Дубаи доби Lexus RC F
На елитниот клуб од егзотични автомобили на полициските сили во Дубаи, овие денови им се придружи и неодамна претставениот Lexus RC F.

Полицијата во Дубаи е веќе добро позната по својот егзотичен и богат возен парк, кој помеѓу останатото го сочинуваат и Bugatti Veyron, Aston Martin One-77, McLaren MP4-12C, Mercedes Benz SLS и уште многу други ретки “ѕверки”.

Овие денови, на нив им се придружи и нов член, можеби и не толку егзотичен, но секако атрактивен и интересен и не толку често пресретнуван на патиштата.

Се работи за неодамна претставениот Lexus RC F кој го придвижува 5.0-литарски V8 мотор со вкупна моќност од 467 КС.

Дали можеби овој RC F е само мал чекор, односно “привремено решение” додека да стигне уште поегзотичниот “Јапонец” LFA?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma