Брзо, едноставно, практично и превкусно задоволство !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 векна леб (по можност тркалезна векна)
120 грама шунка
200 грама сирење или кашкавал
50 грама исчистени маслинки
50 милилитри масло за јадење
1 кафена лажица оригано
1 чешне ситно сечкан лук
1 кафена лажица црвен пипер
Филот за полнење може да биде составен и од други состојки по Ваша желба.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Векната леб исечете ја вертикално но внимавајте да не остане недосечена.
Маслото за јадење ориганото, црвениот пипер и лукот измешајте ги и со смесата намачкај те ги внатрешните делови на векната.
Потоа секоја засечена кришка наполнете ја со шунка, сирење и маслинки.
Вака подготвената векна леб ставете ја во тава за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови 20 минути.
Уживајте во вкусот!!!