Пораки со кои ќе го полудите вашиот партнер

popara16 април, 20151min00
14

Фактот е следниот: ниту еден фраер со здрав разум нема да одбие можност за валкано, секси допишување, без разлика дали се работи за неговата девојка, жена или љубовница. Sexting е здрав и посакуван „зачин“ за секој љубовен однос. Еве како и вашите пораки да бидат што поефикасни.

Која и да е вашата улога, погрижете се вашите пораки да го доведат до лудило!

1. „Само за твоите очи“

Мажите по природа се посесивни. Токму поради таа причина, идејата дека нешто што тој обожава на вас, му припаѓа него и само него, тотално ќе го возбуди. Погрижете се да се чувствува како вие двајца да имате некоја валкана тајна. Пратете му непослушно „селфи“ со овие зборови како додаток и гарантираме моментална ерекција!

2. „Почекај ме една минутка да се облечам…“

Иако со оваа порака нема да кажете ништо посебно, сепак ќе предизвикате вистинска лавина на слики во неговата глава. Единствено нешто за коешто тој ќе размислува е вашето голо тело и одвај ќе чека да ве „грабне“ повторно…

3. „Те сонував ноќва“

Можеби воопшто не сте го сонувале, можеби сонувавте некоја потполна глупост, но доколку му спомнете дека сте го сонувале, тој автоматски ќе заклучи дека се работело за некој топол, валкан, секси сон. Најдобро е да не му откриете премногу детали и да му дозволите неговата фантазија да полуди. Верувајте ни, токму тоа ќе се случи…

4. „Те сакам и те посакувам во себе“

Оваква порака би била училишен пример за romexting, односно порака која вклучува и романтика и секс, а идејата како таква ја даде порно актерот Џејмс Дин. Што да кажеме, веројатно човекот знае што-како функционира…

5. „Вечер кога ќе дојдеме дома…“

Пораката завршете ја како сакате, слободно раскажете му го целото сценарио кое сте го замислиле или едноставно само спомнете му дека одвај чекате да дојдете дома и да водите љубов… Верувајте ни дека во текот на целиот ден нема да размислува за ништо друго.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag