После оваа приказна повторно ќе тргнете од онаму каде што сте застанале…

popara8 јули, 20151min00
7

Една група жаби решиле да се натпреваруваат во искачување. Целта била да се искачат на врвот на една карпа.

Голема маса жаби се собрале под карпата да го гледаат натпреварот и да навиваат.

Трката започнала. Искрено, никој од публиката не верувал дека било која жаба ќе стигне до врвот, затоа што никогаш претходно тоа не се случило.

Се слушале зборови како:

Премногу е тешко! Никој никогаш не се качил на тој врв!

И навистина, малку по малку жабите почнале да се откажуваат. Една по една. Напредувале само оние најсилните.

Тогаш масата започнала да вика:

Премногу е тешко, никогаш нема успеете!

Уште неколку жаби се откажале, а потоа масата продолжила да извикува:

Нема никогаш да стигнете! Откажете се!

Сепак, останале неколку упорни жаби. Тие самоуверено се качувале нагоре. Но, публиката која продолжила да дофрла сепак имала влијание.

По неколку минути, сите се откажале освен една жаба, која самоуверено одела кон врвот.

Публиката и понатаму неуморна извикувала:

Откажи се, никој не успеа, нема ни ти. Што глумиш? Што си мислиш, колку си силна?

Но, жабата и понатаму се качувала. Колку погласно викала публиката, толку повисоко стигнувала жабата.

На крај, стигнала до врвот. За прв пат некој стоел на врвот на карпата. Прв пат тоа станало возможно.

И секако, потоа сите сакале да знаат како успеала и ѝ поставувале милион прашања. Но, на ниту едно не одговорила.

Затоа што жабата била глува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag