Фитнес инструкторката Ана Марија после сите скандали кои и се случија поради тоа што Влада ја претепа, рекла дека нема да се појави на овогодинешниот фитнес натпревар во Хелсинки, затоа што не била доволно спремна.
Сепак, на наговор на најблиските се предомислила и отишла на натпреварот, што се исплатило.
Имено, таа победила и по трет пат ја освоила титулата за прва во фитнес во Европа.
– Толку е слатко да победиш во овој момент. Животот продолжува- напишала таа.