Едно 25 годишно момче од Сараево се соочува со можност да биде осуден на три години затвор зошто на Фејсбук поставил снимка од интимен однос со девојка, потврди денес обвинителството од Брчко, кое за прв пат во Босна и Херцеговина одлучи кривично да гони одговорен за злоупотреба на некоја друштвена мрежа.
Како што е наведено во соопштението, 25 годишното момче во мај минатата година неовластено снимил девојка за време на интимен однос, а потоа таа снимка преку Фејсбук, без знаење на девојката ја пратил на нејзините пријатели.
Во истрагата на ова кривично дело биле вклучени различни полициски структури како и Агенцијата за форезнички испитувања и вештачење во БиХ.
Од обвинителството во Брчко наведуваат дека се користени современи методи за истраги на сајбер криминал.