Следете ги овие неколку чекори и подгответе се за љубов:
Направете да се чувствува мажествено
Секој маж сака жена покрај која ќе може да се почувствува мажествено. Тоа значи дека таа треба да го привлече со својата женственост, а тој со својата машка енергија. Со други зборови, тој сака да го гледате како херој.
Сака да биде прифатен
Доколку сакате да му се допаднете на некој дечко, важно е да оставите впечаток дека го прифаќате таков каков што е и дека не постои нешто на него што би менувале. Ако сметате дека би му ја промениле гардеробата, работното место, пријателите, тогаш подобро е да заборавите на него.
Тој сака да сте среќни
Мажите сакаат да сте среќни, а штом сфатат дека не можат да ве усреќат се чувствуваат лошо и повеќе не се трудат. Доколку сакате тој да се заљуби во вас, погрижете се да биде среќен и не правете да се чувствува лошо.
Сака да биде независен
Мажите имаат потреба за слобода, но тоа не значи дека тие не сакаат да поминуваат време со партнерката. Тие едноставно не сакаат да бидат со жената секој ден. Оставете го да има малку време за себе и ќе видите дека вашиот однос ќе биде многу подобар.
Тој е на потег
Ако успеавте да ги исполните сите горенаведени чекори, тогаш веќе сигурно сте присутни во неговата глава. Сега е време да го натерате да се бори за вас. Мажите по природа се натпреварувачи, затоа пружете му го тоа задоволство.