Поучна приказна: Денот кога сфатив дека е логично да одам во спротивниот правец…

popara19 март, 20151min00
13

Оваа бајка е инспирирана од поема на еден тибетски монах, што впрочем го отсликало начинот на дејствување, за да истакне една друга особина која што ја имаме ние, луѓето, пишува Хорхе Буќај.
Станувам наутро. Излегувам од дома. На тротоарот има дупка . Не ја гледам и паѓам во неа.

Следниот ден излегувам од дома, заборавам дека на тротоарот има дупка, и повторно паѓам во неа.

Третиот ден излегувам од домот и се обидувам да се сетам дека има дупка на тротоарот. Меѓутоа , заборавам и паѓам во неа.

Четвртиот ден излегувам од дома и се обидувам да се сетам повторно на дупката на тротоарот. Се сеќавам и покрај тоа не гледам и паѓам во неа.

Петтиот ден излегувам од дома. Се сеќавам дека треба да внимавам за дупката на тротоарот, и чекорам гледајќи надолу. Гледам и паѓам во неа.

Шестиот ден излегувам од дома. Се сеќавам на дупката на тротоарот, ја барам со поглед, се обидувам да ја прескокнам, но паѓам во неа.

Седмиот ден излегувам од дома. Гледам дупка. Ги забрзувам чекорите, скокам, со врвот на стапалото го допирам спротивниот раб, но не е доволно и паѓам во неа.

Осмиот ден излегувам од дома, ја гледам дупката. Земам залет, скокам, доаѓам до другата страна ! Толку сум горд на достигнувањата, што празнувам со радосни скокови …. И така, повторно паѓам во јамата.

Деветтиот ден излегувам од дома, ја гледам дупката. Земам залет прескокнувам и продолжувам по патот.

Десеттиот ден, токму денес , сфаќам дека е пологично да одам по спротивниот тротоар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag