Во паркот на една клупа седеше човек кој ја надгледуваше неговата ќеркичка додека го возеше велосипедот. На клупата до него седна една жена која покажувајќи му со прстот му рече:
– Она е мојот син, покажувајќи на малото момче во црвен џемпер, кое се лизгаше на лизгалката.
– Убаво момче, одговори човекот. Она онаму во белиот фустан е мојата ќерка.
По неколку минути погледна во својот часовник и повика кон девојчето:
– Ајде, што велиш да одиме?
Девојчето одговори:
– Уште 5 минути тато, те молам?
Таткото климна со главата и таа продолжи да го вози велосипедот на нејзино големо задоволство. Времето минуваше и таткото стана и повторно ја повика:
– Време е да одиме моја принцезо?
Девојчето повторно му одговори:
– Само уште 5 минути тато, само уште 5 минути.
Таткото се насмевна и рече:
– Во ред.
Жената погледнувајќи кон него му рече:
– Вие сте многу трпелив човек.
Човекот се насмевна со тага во очите и одговори:
– Нејзиниот постар брат загина во сообраќајка од пијан возач минатата година, возејќи се со велосипед недалеку од овде. Никогаш не поминував многу време со него и сега би дал се за само 5 минути да можеме да бидеме заедно. Се заколнав дека нема да ја повторам истата грешка и со неговата сестра. Таа мисли дека има уште 5 минути да го вози велосипедот, но всушност јас имам уште 5 минути за да ја гледам како си игра.
Затоа искористете ја секоја минута од вашиот живот.