
Еден човек уловил златна рипка и му рекла:“Ќе ти исполнам три желби,само кажи ми што сакаш.“
А човекот како од топ:“Сакам да му цркне кравата на комшијата.“
Рибата се запрепастила:“Што? Зар немаш некоја подобра желба ? како ЛЦД телевизор? Децата да најдат добра работа,да патуваш околу светот,да најдеш грне злато..?
“Не,не ,ти само така направи,јас баш тоа го сакам.“
И на комшијата му умрела кравата.
Дошло ред и за втората желба.
“Сакам и на мојот друг комшија да му умре кравата.“
“Човеку, рече рибата, зар на такви желби ќе си ја упропастиш оваа животна шанса да добиеш нешто добро?З ар за тебе најголема добивка е туѓата несреќа? Зар ништо разумно не можеше да смислиш? Зар не е подобро да ти дадам десет крави, или да имаш фирма, или нешто слично…“
На тоа човекот ,длабоко убеден во сопствената мудрост се изнавикал на рипката: “Што ми зборуваш ти тоа? Знаеш ли ти какви лошотии се тоа ,тие мои комшии? Овој првиот подигна куќа на спрат,и сега ми фрла сенка на бавчата па ништо не ми напредува.Си замислил дека е подобар домаќин од мене што има подобра кола! Па што ако син му работи во Германија? А со овој другиот се спорам за меѓата веќе дваесет години. А тој и понатаму ми ја пушта баш таа крава да ми пасе околу оградата,само што не се срушила, а неговите кози ми ја јадат лозата .
“Па човече,што не бараш и тебе да ти дадам куќа, хотел,мотел, камион, авион , па да имаш и ти и он, а не овака? Ќе ги упропастиш и комшиите и себе си од инает и завист?“
“А ти не збори многу,туку дај ми го тоа што ти го реков ,да не те испржам за ручек.“
И така и на другиот комшија му цркна несреќната крава, ни крива и должна.
Овената и тажна рипката го прашала нашиот човек која му е третата желба. Го потсети, да не згреши во изборот, дека му се пружа последна шанса да се усреќи без пот и мака.
Па ,значи, што сакаш да ти дадам?“
“Сакам и мене да ми цркне кравата!“ – рече тој со чуден сјај во очите.
Рибата ги ококоре очите и замолкна ко риба. Потоа најде сила да го праша:
“Да ти цркне кравата?! Па човече,ти си луд. Како тоа до сега не го сфатив.. Па ти и себе си ќе се упропастиш.
“Не сум воопшто луд.јас се предвидов. Сега, кога на комшиите им цркнаа кравите, уште само ми фали да дојдат кај мене да им дадам млеко!“
. . . .
Овој црнохуморен приказ не е далеку од вистината. Зависта, себичноста и неслогата се навистина тешко зло меѓу луѓето.
“Кој копа јама на другиот,сам ќе падне во неа.“(Проповедник 10,8)