Поучна приказна: Мислењето на другите за мене

popara2 април, 20151min00
09

„Еден учител бил сосема незаинтересиран за тоа што мислат другите за него. Импресионирани, неговите љубопитни ученици го запрашале како го достигнал тој степен на внатрешна слобода.

Учителот се насмевнал и рекол: „До својата дваесетта година не се грижев што мислат луѓето за мене. По дваесеттите постојано се грижев за тоа. И тогаш еден ден по својата педесетта сфатив дека тие речиси никогаш не ни размислувале за мене“.