Инспиративен разговор помеѓу Бог и човек…
Јас: Господе,Може да те прашам едно прашање?
Бог: Секако
Јас: Зошто дозволи толку многу работи да ми се случат денеска?
Бог: Што сакаш да кажеш?
Јас: Па,се разбудив утрото доцна..
Бог: Да
Јас: Мојата кола не можеше да запали
Бог: Добро
Јас: За ручек ми направија погрешен сендвич и морав да чекам
Бог: Хммм
Јас: Кога се враќав накај дома,ми се исклучи телефонот баш кога сакав да се јавам
Бог: Во ред
Јас: Згора на тоа, сакав да си ги релаксирам нозете со новиот масажер, но не работеше.
Сега кажи ми, зошто се случија такви работи денес?
Бог: Да видам, ангелот на смртта беше во твојот кревет утрово и морав да пратам еден ангел да се бори со него за твојот живот. Мораше да го преспиеш тоа.
Јас (понизно): Ох..
Бог: Не дозволив да запали твојата кола бидејќи имаше пијан возач на твојот пат кој ќе удреше во тебе на патот.
Јас: (посрамено)
Бог: Првата личност која ти направи сендвич денеска беше болна и не сакав да се разболиш од истото и ти, знам дека не можеш да изостанеш од работа.
Јас (благодарно):Добро
Бог: Телефонот се исклучи бидејќи личноста која те бараше сакаше да земе лажна изјава од тебе со тој повик, но вака беше покриен…
Јас (нежно): Сфаќам Господе
Бог: А за тој масажерот за нозе, не работеше бидејќи имаше краток спој ,и ќе ја исклучеше сета струја во куќата, и не сакав да седиш во мракот…
Јас: Извини Господе
Бог: Не жали, туку научи да Ми веруваш…. Во сите работи, Добри или Лоши.
Јас: Ќе ти верувам.
Бог: И не се сомневај дека Мојот план е подобар од твој план за денеска.
Јас: Нема Господе. Само да ти кажам,благодарам за се денеска Господе.
Бог: Повели и другпат, дете. Секој ден сакам да се грижам за моите деца…
-Бог е добар!
2 comments
terminator1
28 декември, 2016 at 15:42
ubavo ova e se ama ako se sluci nekoja losa rabota so ne ja saka coek so fajde da veruvame vo gospod
aha
27 декември, 2016 at 00:14
Ауууууууууууу … Семе синапово г…. да јадат! Најјак муабет у задњи 2000 години … 🙂