Поучна приказна: Најсилни се оние кои некогаш биле скршени!

popara22 август, 20151min00
21

Си бил еднаш еден грнчар кој посетил една продавница. Сопственикот на продавницата бил пресреќен за посетата и не губел време да му ги покаже најскапите грниња.
Тие навистина биле прекрасни и убави. Некои имале необични дизајни и фигури на нив, “Ова се моите најдобри грниња.“ му покажуваше гордо сопственикот, но грнчарот ја сврти главата.

“Тие се убави“ рече тој.“Но тоа не  е тоа што јас го барам.“ Зачуден, сопственикот го одведе до друга полица.“А што велите за едно од овие?“ праша тој. “Овие не се толку убави ,но сигурно може да користат за нешто…“

Грнчарот повторно ја сврте својата глава велејќи “Ова не е тоа што јас го барам“.Тогаш, гледајќи во позадината на продавницата, тој праша: “А што велите за она овде?“

Сопственикот се приближи до него.“Ох не господине… не го сакате тоа грне. Зар не гледате? Скршено е и бескорисно.“

“Дали сите делови се тука?“ праша Грнчарот. Сопственикот климна со главата. “Па …да.“Грнчарот ги зема скршените делови. “Зошто го сакате тоа грне?“ “Кога има уште многу други тука?“ Насмевка се појави на лицето на Грнчарот.“Бидејќи најсилните грниња од сите се оние кои прво биле скршени.“ одговори тој и таа ноќ со големо внимание и нежност, Грнчарот ги зема скршените делчиња и почна со својата работа.

Многу, многу недели подоцна, кралот на целата земја одржа натпревар за сите негови предмети. На натпреварот беа присутни и сопственикот и грнчарот. Топло се поздравија и разговараа накратко. Тогаш сопственикот погледна на грнињата на масата на кралот. “Тоа е прекрасно грне.“ – се восхитуваше тој. “Но,од некоја причина,изгледа како да го имам видено претходно.“

“Дали се сеќаваш на скршеното грне?“ праша Грнчарот.

“Да“ сопственикот беше вчудоневиден гледајќи го повторно во грнето ва кое тој не гледаше никаква корист. Тој се загледа, гледајќи го со сосема нови очи.

“Сигурно не мислите….тоа скршено грне…?“ “Да.“ Потврди Грнчарот. “Тоа скршено грне.“

Исто како и тоа скршено грне, Бог може да ги земе нашите животи и да ги претвори во нешто прекрасно,ако му ги дадеме сите скршени делови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag