Уживајте секој ден во него и следете ги најважните правила…
– Бидете храбри. Или барем преправајте се. Никој нема да ја забележи разликата.
– Не дозволувајте телефонските повици да ги прекинат прекрасните моменти. Телефонот постои за да ви биде на услуга, а не да ве попречува во уживањето.
– Не се притискајте и кажете го она што го мислите, и покрај тоа што се коси со сечие размислување. Тука се крие задоволството.
– Не палете ги мостовите кои некогаш сте ги граделе. Ќе бидете изненадени колку пати ќе мора да преминете преку една иста река.
– Не заборавајте, најголемата емоционална потреба е личноста да се чувствува ценето. Не се задоволувајте со мали работи.
– Никогаш не кажувајте дека немате време. Имате исто толку часа во денот колку што имале и Микеланџело, Мајка Тереза, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн.
– Не бидете преплашени. Научете да кажете НЕ за нешто што не ви се допаѓа.
– Мудро употребувајте го времето и зборовите. Ниту едно од нив нема да може да вратите.
– Не губете време поправајќи ги грешките. Учете од нив, но продолжете напред.
– Јасно дефинирајте ги вашите приоритети. Никој на својата смртна постела не жалел затоа што не поминал уште неколку часа плус на работното место.
– Давајте им на луѓето втора шанса, но не и трета.
– Научете се да слушате. Понекогаш идеалните шанси многу тивко чукаат на вратата на успехот.
– Опуштете се. Освен во ретки ситуации на живот или смрт, ништо не е важно и итно како што ви изгледа.
– Не го сечете она што може да се отплетка.
– Никогаш не ги менувајте другите, но и никогаш не ја потценувајте својата моќ за менување на нештата.
– Барајте шанса, но не и сигурност.
– Успех е кога ќе го добиете она што го посакувате. Среќа е кога ви се допаѓа она што сте го добиле. Не ги мешајте!
– Кога се соочувате со нешто навистина тешко, однесувајте се како да е невозможно да не успеете.