Би сакала повторно да се омажам. Верувам во бајки, рекла Бритни
Некогашната поп принцеза и проблематична пејачка изјавила дека сака повторно да се омажи.
Бритни Спирс веќе со месеци се забавува со продуцентот Чарли Еберсол. -Би сакала повторно да се омажам. Верувам во бајки, рекла Бритни. Додала дека ја пронашла вистинската љубов. -Не сум баш од оние личности што зборуваат што им е потребно за повторно некому да го кажат судбоносното „да“, но знам дека љубовта е најважна. Секако , почитта и искреноста. Потребно е двајцата многу да се сакаат, вели таа.
Пејачката има два сина, Шон Петерсон, (9) и Џејдан Џејмс, (8), но сака уште едно дете. -Многу сум среќна со моите синови, но во иднина би сакала да имам уште едно дете. Би било интересно да имам девојче, мини јас, рекла таа.