Многу јасно дека за се што е поврзано со клиторисот не може никој подобро да ви каже отколку жената лично! Како сакаат да ги допирате, што им се допаѓа и што не, дали тоа го правите правилно или не, ќе ви кажат неколку искрени девојки! Мажи, женскиот клиторис и тоа како вие се однесувате со него е пресудно за добар секс! За да ужива жената во сексот вие мора да го знаете ова…
Анатомијата на женскиот полов орган за некои мажи сѐ уште е мистерија. Тоа го покажува и анкетата направена во Хрватска, според која има мажи кои не само што не знаат што точно да прават со клиторисот, туку и не знаат ниту каде се наоѓа.
Андријана, 28 годишна преведувачка, моментално не е во врска, но се присетила на поранешното момче со кое била две години:
„Иако тој беше пет години постар од мене, морав сепак јас да го научам на некои работи. Немојте погрешно да ме сфатите, тој беше прилично добар љубовник, но беше по малку изгубен во моите „јужни краеви“… Тој мислеше дека сѐ прави како што треба, но потоа јас му покажав каде точно се наоѓа клиторисот и како е најдобро да го допира. Многу добро реагираше на моите инструкции, не му ја повредив гордоста, а и брзо научи, така што уживавме во навистина добар секс. Тој не е единствен, повеќе од половина од момците со кои сум била не знаат како точно да се однесуваат кон клиторисот“.
„Мене посебно ме изненади еден маж со кој цели четири години бев во некаква врска. Тој е типичен пример за женкар, многу шармантен, а шармот секогаш е афродизијак. Во креветот сѐ ни беше супер, освен што тој не знаеше да ми приреди оргазам. Навистина многу се трудеше и мислеше дека успеал во тоа, но тогаш, еден ден, му објаснив дека премногу притиска, дека е груб и неритмичен. Не му се допадна баш тоа што го слушна, но ги прифати моите сугестии. Мене просто ме изненади тоа што маж со толку искуство не знае што да прави со клиторисот, но очигледно има и многу други како него. Имав и едно момче во раните дваесети кој не знаеше што е клиторис, каде се наоѓа, ни за што служи“.
Уште неколку девојки кои биле прашани на оваа тема го дале истиот одговор. Експертите советуваат дека добрата комуникација меѓу партнерите е клуч за успешна врска и врвни перформанси во спалната соба. Доколку за нешто не сте сигурни дали го правите на вистинскиот начин, или пак воопшто не знаете како да го правите тоа, не се срамете да разговарате за тоа со вашата партнерка. Таа најдобро може да ви каже што и причинува задоволство. Со тоа двајцата ќе придонесете до подобар сексуален живот.