
Во триесетите години на минатиот век, банкар од градот Квинси во Флорида забележал дека сиромашните луѓе и во периодот на Големата депресија, се подготвени да потрошат неколку центи за Кока-Кола. Сакајќи да му помогне на пријател, на кој му биле потребни пари за да го прошири бизнисот, Пет Манро наговорил стотици жители да купат акции од неговата компанија.
Тој дури им позајмувал пари за таа цел. Така речиси секој фармер во Квинси поседувал акции од компанијата која одвај ја знаел.
Во 1919 година, Манро не ни претпоставувал дека благодарение на него, градчето кое некое време дури имало и најголем приход по жител во САД, ќе стане град на милионери.
Компанијата на неговиот пријател се викала „Кока-Кола“ и во наредните неколку години доживеала голем подем.
Кога националната економија доживеала колапс, парите од Кока-Кола им овозможувале на луѓето да ги задржат парите. Кога времињата биле подобри, а Кока-Колата поевтина, луѓето купувале повеќе акции.
Во тоа време, Квинси имал најголем приход по жител во САД. Најмалку 67 примарно наречени „Кока-Кола милионери“ акумулирале значително богатство, пред да им го остават во наследство на децата и внуците.
Напредокот на најпознатата компанија на светот, која во 1998 година го продавала секој втор безалкохолен пијалок на светот, го одразува излогот во Квинси стејт банката, каде што се` започнало.
Во 1919 година, акцијата на „Кока-Кола“ вредела 40 долари, а во 2013 година, со реинвестирање на дивиденди, достигнала вредност од 10 милиони долари.