
Пред да кажеш некој лош збор;
– Помисли на оние кои не можат да зборуваат.
Пред да почнеш да се жалиш за вкусот на храната;
– Помисли на оние кои немаат ништо за јадење.
Пред да се пожалиш на своето момче или девојка;
-Помисли на оние кои го молат Бога да им подари сопатник.
Пред да се пожалиш на животот;
-Помисли на оние кои умреле прерано.
Пред да се пожалиш за своите деца;
– Помисли на оние кои сакаат деца, но никогаш нема да имаат.
Пред да почнеш да се расправаш со некој кој не ја исчистил или средил куќата;
– Сети се на оние луѓе кои живеат на улица.
Пред да почнеш да се жалиш за должината на патот кој мораш да го поминеш возејќи;
– Сети се на оние кои истата оддалеченост ја одат со своите нозе.
И кога си уморен и се жалиш на својата работа;
– Сети се на неврабоените, инвалидите, оние кои би дале сè да ја имаат твојата работа.
И пред да го впериш прстот во некој и почнеш да го осудуваш;
– Сети се дека никој не е безгрешен.
И кога лошите мисли ќе почнат да те фрлаат во депресија;
– Ти стави си насмевка на своето лице и помисли:Јас сум жив и сè уште сум тука!