Пресметајте дали си одговарате со саканиот човек со помош на Фенг Шуи правилникот

popara17 јануари, 20151min00
4

Годината на вашето раѓање е поврзана со еден од петте фенг шуи елементи. Пронајдете го својот и елементот  кој му одговара на вашиот партнер, а потоа следете ги кинеските совети за сексуално задоволство.

12.02.1956-17.02.1958. ОГAН

18.02.1958-27.01.1960. ЗЕМЈА

28.01.1960-04.02.1962. МЕТАЛ

05.02.1962-12.02.1964. ВОДА

13.02.1964-20.01.1966. ДРВО

21.01.1966-29.01.1968. ОГАН

30.01.1968-05.02.1970. ЗЕМЈА

06.02.1970-14.02.1972. МЕТАЛ

15.02.1972-22.01.1974. ВОДА

23.01.1974-30.01.1976. ДРВО

31.01.1976-05.02.1978. ОГАН

06.02.1978-15.02.1980. ЗЕМЈА

16.02.1980-24.02.1982. МЕТАЛ

25.01.1982-01.02.1984. ВОДА

02.02.1984-18.02.1986. ДРВО

19.02.1986-16.02.1988. ОГАН

17.02.1988-26.01.1990. ЗЕМЈА

27.01.1990-03.02.1992. МЕТАЛ

04.02.1992-09.02.1994. ВОДА

10.02.1994-18.02.1996.ДРВО

11

МЕТАЛ

Вашата сексуална енергија: Поседувате силна сексуална енергија и работите сакате да ги имате под контрола. Сакате да сте на врвот и да го врзувате. Не ви претставува проблем сами да се возбудувате додека тој ве гледа. Ве привлекуваат предизвикувачки пози, а вашата околина мора да биде „драматична“, инспиративна и да вклучува некои табу.

Фенг шуи стимулација:

За да ја зголемите физичката енергија, во собата ставете чинија со тркалезна форма од темносино стакло и наполнете ја со вода. Во водата исипете прав со светки и чинијата ставете ја во источниот дел на собата. Ваквата комбинација ќе ви даде доволно енергија за да ги пробате сите пози од „кама-сутра“- а потоа се да повторите.

ВОДА

Вашата сексуална енергија: Како голем романтичар, секое сексуално искуство сакате да биде волшебно. Брзиот секс не ја задоволува вашата потреба за емотивен интензитет и исполнување. Стимулот мора да биде и физички и ментален. За вас идејата за екстаза е повозбудлива од самиот секс. Затоа сакате да потонете во фантазии за време на љубовните игри.

Фенг шуи стимулација:

Запалете три свеќи со сина боја пред огледалото во северниот дел на собата. Тоа ќе предизвика зголемување на адреналинот. Постелнината во златна боја исто така ќе ја поттикне вашата фантазија.

ДРВО

Вашата сексуална енергија: Вие сте перфекционисти во креветот и сакате да експериментирате. Вашиот партнер мора да биде физички посебен и спремен да проба се. Се возбудувате постепено, а кога ќе достигнете целосно возбудување, се предавате на интензивната оргазмичка енергија!

Фенг шуи стимулација:

Сакате бавна предигра. Затоа ставете едена дрвена чинија во западниот дел на собата со што би поттикнале постепен прилив на енергија.

За повеќекратен оргазам поставете 5 црвени свеќи во стаклени свеќници во јужниот дел на собата. Тоа ќе ви донесе последични експлозии на задоволство!

ОГAН

Вашата сексуална енергија: Во вас гори провокативна сексуална енергија. Сакате да сте спонтани, да ги оживеете своите најхрабри фантазии и копнежи за многу  креативниот љубовник. Исполнете ги своите желби- се е дозволено.

Фенг шуи стимулација:

Најмногу ви одговара визуелната стимулација. Поклонете си себе си едно големо огледало кое ќе ви овозможи да се гледате додека водите љубов и кое ќе го зголеми движењето на  сексуалната енергија.

За  да ја поттикнете еротската енергија, ставете еротски слики на ѕидот. Тие ќе ја поттикнат вашата еротска фантазија. Без разлика дали на сликата се наоѓа еротски пар или само едно голо тело, ќе се чувствувате секси секогаш кога ќе ја погледнете.

ЗЕМЈА

Вашата сексуална енергија : Вие сте многу сензуални, заводливи и опуштени. Потребно ви е бавно, постепено, но силно возбудување. Телесниот допир и емотивната блискост се за вас подеднакво важни во достигнувањето на оргазмот. Сакате масажа и орален секс. Убавото опкружување исполнето со префинети работи и материјали ќе ви овозможи вашата сексуална енергија полека да се разгори.

Фенг шуи стимулација:

Стаклените чинии наполнети со каменчиња и стакленца ставете ги во јужниот дел на спалната соба. Тоа ќе ја разбуди вашата „дива“ страна.

За да ја зголемите својата сензитивност, ставете плишани и свилени перници на креветот или подот кои ќе бидат во јаки, живи бои.

КАКО СЕ СОГЛАСУВАТЕ?

Дознајте дали вие и вашиот партнер сте идеален спој по фенг шуи „рајот“ со помош на понудената табла за компатибилност. Ако тоа не е случај послушајте ги советите кои ќе ви помогнат неговата енергија да ја канализирате во вистинската насока.

МЕТАЛ/МЕТАЛ

Магнетна врска. За да предизвикате пренос на сексуалната желба од вашето тело на неговото, закачете некоја ткаенина во интензивни бои над вашиот кревет.

МЕТАЛ / ВОДА

Металот не може секогаш да ги контролира желбите на водата. За подобро еротско расположение ставете кактус во источниот дел на собата.

МЕТАЛ / ДРВО

Во вашата врска се сретнуваат потребата за контрола и потребата за постепено бавно возбудување. Во вашата спална соба нека биде присутен мирисот на лимон кој металот ќе го направи сензуален .

МЕТАЛ / ОГАН

Металот сака контрола, а оганот е секогаш гладен за секс. Ставете два розови кварцни кристали во најоддалечениот десен агол во собата кои ќе помогнат партнерите да станат повнимателни за потребите на другиот.

МЕТАЛ / ЗЕМЈА

Вие ја одржувате сексуалната енергија еден на друг. Црвените чаршави ќе ја поттикнат и забрзаат вашата сексуална енергија.

ВОДА / ВОДА

Сонувачи и романтични души, и двајцата имате потреба од фантазија која ќе ве возбуди. Ставете постер со убави предели или голем постер со мотиви од живи бои во близина на креветот, со цел тоа да ве инспирира.

ВОДА / ДРВО

Љубопитно дрво и мистична вода. Наместете го вашиот кревет кон запад со цел да го поттикне бавното водење на љубов.

ВОДА / ОГAН

На водата и е потребно повеќе романтика отколку на оганот. Ставете кварцен кристал со сива боја во плишана вреќичка под перниците за да ви помогне, односно водата да може да го одржи чекорот со оганот.

ВОДА / ЗЕМЈА

Водата копнее за романтика, а земјата за физичко возбудување. За да постигнете рамнотежа на овие две различни енергии, ставете бел кварцен кристал во јужниот дел на собата.

ОГAН / ОГAН

И двајцата сакате брз и интензивен оргазам. Ставете црвени предмети низ целата соба за да овозможите летање на вашите искри.

ОГAН / ЗЕМЈА

Длабоко еротска врска. За интензивни оргазми ставете две свеќи во „бронзена“ боја покрај креветот.

ОГAН / ДРВО

Кога е сексот во прашање преовладува тврдењето „се е оправдано“, кое ви одговара се додека и двајцата истовремено горите од страст. Ставете некој метален предмет на прозорот за да ја зголемите сексуалната енергија.

ДРВО / ДРВО

И двајцата тежнеете кон совршенство секогаш кога водите љубов. Една слика со кинески змеј и феникс во вашата спална соба ќе го зголеми оргазмот.

ДРВО / ЗЕМЈА

Врската може да биде динамична доколку сте толерантни кон сексуалната енергија на партнерот. Дрвото е сонувачки префинето, а земјата е сензуална. За рамнотежа на двете сексуални енергии ставете аметист во рамката на прозорот.

ЗЕМЈА / ЗЕМЈА

Реагирате подготвено, снаодливо и целосно еротски. За зголемен прилив на адреналин, исполнете ја вашата спална соба со темни мистични материјали и бои.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma